R.R.O.M.A: Средба со министерот Самка Ибраимоски

RROMA

Претставници на организациите-членки на коалицијата која што се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ на 14 ноември оддржаа работен состанок со Министерот Самка Ибраимоски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

На средбата се дискутираше за состојбите, предизвиците и проблемите на Ромската заедница. Исто така, министерот Самка Ибраимоски изрази своја поддршка во активностите на коалицијата.

Се разговараше и за Ромската платформа која што се оддржува во Брисел на 27 ноември, каде што министерот и претставници од коалицијата ќе земат свое учество.

Еден од заклучоците на состанокот е потребата од меѓусебно координирање и заеднички да работиме на подобрување на состојбата на Ромите во РМ и нивно интегрирање во општеството како рамноправни граѓани.

Кон крајот на декември 2017, ќе следи настан на презентирање на извештајот кој што коалицијата го спрема и за кој што е добиена поддршка од страна на министерот Ибраимоски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed