Нимиц на средба со преговарачите за името во Брисел

НИМИЦ

Медијаторот на ООН за прашањето околу името, Метју Нимиц се очекува во понеделник и во вторник во Брiсел ќе се сретне со македонскиот дипломат, Васко Наумовски и грчкиот дипломат, Адемантиос Василакис.

Средбата е дел од обидите да им се помогне на двете страни за наоѓање на прифатливо решение за спорот со името. Двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас искажаа подготвеност за надминување на овој долгогодишен спор. Заев за грчките медиуми изјави дека треба да се најде решение кое што ќе биде прифатливо за двете страни.

Додека грчкиот премиер Алксис Ципрас, од Белград по средбата со неговите колеги од Србија, Бугарија и Романија, изјави дека во 2018 година очекува позитивен резултат во врска со спорот со Македонија, доколку Скопје одлучи да направи позитивен чекор.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас изјави дека очекува прашањето да се затвори во првата половина од следната година.

Оптимизам за надминување на спорот изразија и заменик помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Ји и европскиот комесар Јоханес Хан. Спорот со името меѓу Атина и Скопје стар е колку и Македонија како независна држава, односно уште од 91 година.

Со други зборови, официјална Атина никогаш не ја призна Македонија како држава под ова име.

You may also like...

Sorry - Comments are closed