Заев за АнтенаМ: Бараме ново име на државата, ќе направиме ревизија на историјата, промена на македонските топоними!

ZAEV

Во интервју за црногорскиот медиуми АнтенаМ, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вели дека се бара ново име на државата, промена на историјата и македонските топоними.

На новинарското прашање „Дали со цел остварување на македонските евроатлански аспирации ќе се прави ревизија на историјата“, Заев одговори:

-Ревизија…Кога се зборува за ревизија тогаш се мисли пред се да пазиме на пријателствотото. Да не употребуваме зборови како непријателство. Еве направивме ваков обид со Бугарија, таму стои бугарски фашистички окупатор од Втората Светска војна.

Може да биде фашистички окупатор ако градиме пријателство да пазиме околу тоа и такви други работи. Кога се работи за оној дел на Егејска Македонија они велат северна Грција тоа е дел од Европа, да пазиме околу тие работи и зборови кои ги употребуваме.

Но она што е многу важно ние имаме проблем со името. Многу е важно да се фокусираме на проблемот кој Грција го има со нашето уставно име. Верувам дека ќе најдеме ново име и начин како да го употребуваме и какво тоа ќе биде.

На крај она што е многу важно за нас да најдеме решение за името затоа што не само што добиваме покана за членство во НАТО туку и старт на преговорите со Европската Унија, истакна премиерот Заев.

Заев не само што ќе ја менува историјата и ќе го избрише бугарскиот фашистички окупатор од учебниците, тој ќе ги менува и македонските топоними за да и удоволи на Грција, но сепак крајната цел ќе биде промена на името.

Медиумскиот спин од медиуми под контрола на власта каде од интервјуто на Заев за „АнтенаМ“ ја потенцираа изјавата дека му се “подготвува ликвидација“ очигледно беше со цел да се оттргне фокусот на јавноста од скандалозната изјава на Заев каде конечно призна за што е доведен на власт.

You may also like...

Sorry - Comments are closed