Maja Koцијанчич: Македонскиот претседател треба да го преиспита својот став

МАЈА

Европската Унија го повикува македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го преиспита својот став и да овозможи формирање нова влада во Македонија, порача Маја Коцијанчич, портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пренесува агенцијата СРНА.

Коцијанчич ова го изјавила за македонските медиуми и додала дека ЕУ е запозната со писмото кое го испратил Иванов и дека уште пред седум дена ЕУ испрати јасни пораки.

Таа повтори дека е неопходно Иванов да го почитува изборниот резултат, да постапува според Уставот, да го почитува собраниското мнозинство и да дозволи демократскиот процес нормално да тече.

Пред два дена Иванов испрати писмо до претседателот на САД Доналд Трамп, до ЕУ, НАТО и до претседателот на Турција Таип Ердоган да ја осудат и отфрлат тиранската платформа на албанските партии затоа што нејзината содржина е опасна за Македонија.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha