Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Kекеновски: Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за промена на црно белата боја

Централниот предизборен караван на Коалицијата за промени и правда,цпредводен од Демократскиот сојуз, денес престојуваше во повеќе населби, меѓу кои Маџир маало, во Скопје, каде се остварени бројни средби со граѓаните, при што презентирана им е  Изборната програма.

Трајанов вети формирање на владин кабинет составен од врвни експерти, креативни, чесни и високо морални личности и отворање на над 30.000 илјади мали фирми кои ќе вработат над 90.000 млади кадри.

На прес конференцијата, своите ставови ги презентираа и Слободан Богоески носител на четвртата изборна единица и Јове Кекеновски носител на втората изборна единица.

„За помалку од еден месец, Коалицијата за промени и правда доживеа голем успех и прифатена е од народот како општонароден фронт, симбол на борбата на народот против режимот. Ние сакаме слободна и демократска Македонија, во која власта ќе се плаши од народот, а не како што беше до сега“, изјави Слободан Богоески.

Кекеновски  ги повика сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се разочарани од актуелното и криминализирано партиско раководство и сите разочарани сдсмовци како и сеуште неопределените да го дадат својот глас за оваа автентична демократска коалиција. „Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за промена на црно белата боја“, изјави Кекеновски.

“Само со поддршка од 10% од граѓаните ќе го демонтираме еднопартискиот, олигархиски и криминален систем. Таа поддршка ја имаме и гарантираме дека никогаш нема граѓаните да дозволат еден човек една партија да владее. Ние сме гарант за промени, воспоставување на систем на одговорност, стабилност во државата и економски развој.

 

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us