Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ДУИ и Алијанса за Албанците со заедничка платформа

Лидерите на албанските политички партии во земјава со исклуок на ДПА и Беса вчера на покана на лидерот на ДУИ Али Ахемти имаа средба во хотелот Александар палас во Скопје.

На средбата присуствуваа Ахмети и Теута Арифи од ДУИ, Зијадин Села, претседателот на Движењето за реформи во ДПА, Весел Мемеди, претседателот на НДП и Гзим Острени, претседателот на Унитети. Тие по средбата изјавија дека само со заедничка платформа со учество на сите политички претставници на Албанците во Македонија може да се изборат за правата на Албанците и ги повикаа и лидерите на Беса и ДПА да им се приклучат, порачувајќи дека ќе коалицираат со онаа партија од македонскиот политички блок која ќе им понуди иднина.

Тие бараат албанскиот јазик да стане втор службен јазик во Македонија, продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, имплементација на препораките од извештајот на Прибе, рамномерна распределба на буџетот и консензуално одлучување за сите битни прашања.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us