22 години од атентатот на Глигоров, сторителот и нарачителот остануваат непознати

глигоров

И по 22 години од атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, случајот се уште е отворен. Истрагата досега не резултира со откривање на нарачателите и извршителите на атентатот…

Дваесет и две години по атентатот врз првиот македонски претседател Киро Глигоров, сѐ уште не се познати напаѓачите и мотивот за атентатот.

На 3-ти октомври 1995-та, автомобил- бомба „Цитроен Ами“ со 20 килограми експлозив беше активиран со далечински управувач во мометот кога службениот автомобил на македонскиот претседател поминувал на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“. Глигоров го преживеа атентатот со повреди на главата.

Во истрагата што сѐ уште е отворена, беа претресени над 30 илјади возила и 15 илјади објекти, легитимирани 188 илјади граѓани од кои 19 илјади претресени, и извршени информативни разговори со повеќе лица, но сите биле ослободени по испрашувањето.

Во истрагата беа вклучени и странски полициски служби, како ФБИ, но сторителот и нарачителот на атентатот остануваат непознати.

You may also like...

Sorry - Comments are closed