13 години од смртта на претседателот Трајковски

BORIS TRAJKOVSKI

Во Македонија денеска ќе бидат одбележани 13 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.

Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Годишнината од смртта на Трајковски ќе биде одбележана и во Ротимље, Босна и Херцеговина, каде државна делегација од Македонија придружувана од претставници од Босна и Херцеговина ќе положи венец пред споменикот којшто се наоѓа на местото на ударот на авионот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha