Џафери очекува усвојување на Буџетот до 20 декември

dzaferi

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува Буџетот за 2018 година да биде усвоен од пратениците до 20 декември. Тој за Алсат М најави дека матичната Комисија за финансирање и буџет првата седница —ќе ја закаже на 27 ноември, по што почнуваат да течат строго утврдените со „Деловникот“ рокови за усвојување на Буџетот.

Тој истана дека не се можни опструкции од страна на опозицијата околу усвојувањето на Буџетот за наредната година.

Инаку, Владата до Собранието на 10 ноември го достави Буџетот за наредната година, кој ќе биде до сега најголем во историјата на државава и ќе изнесува над 3 милијарди и 400 милиони евра и буџетски дефицит од 296 милиони евра или 2,7 отсто од бруто – домашниот производ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed