Ќамили ја претстави визијата на Беса за развој на општина Долнени

беса

Кандидатот на Беса за градоначалник на општина Долнени, Исмет Ќамили, заедно со општинските советници, оддржаа централен собир во село Црнилиште на кој ја претставија нивната визија за развој на општината.

Кандидатот Ќамили пред присутните ја искажа искрената благодарност за поддршката што му ја даваат.

– Дури и денес, жителите на Долнени ги немаат основните потреби. Жителите на Црнилиште изгубије цели 15 години без никаква инвестиција, без реализиран проект во ова село. Дали треба да се спомене чистата вода за пиење? По моето доаѓање во општината Ви ветувам дека ќе се отворат филијали во рамки на Министерството за земјоделство, што ќе овозможат нови работни места за новите генерации, рече Ќамили.

Тој, пред својот тим, даде ветување дека со сите нивни интелектуални капацитети, стручни и морални визии и волја ќе ги извршат овие ветени промени, и дека ќе бидат во служба на сите за овозможување подобар живот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed