Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Јункер: Без Русија не може да се изгради систем за безбедност во Европа

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека според него е невозможно сега да се укинат санкциите спрема Русија, но додаде дека Европската унија треба да се однесува кон Москва како кон рамноправен партнер без кој не може да се гарантира безбедноста во Европа.

 junker

– Засега не гледам никакви аргументи за укинување на санкциите спрема Русија. Но, би сакал со Русија да имаме договор што е над обичните рамки. Без Русија е невозможно да се изгради систем за безбедност во Европа, и ние треба да го знаеме тоа, изјави Јункер за Евроњуз.

Јункер додаде дека не се согласува со претседателот на САД Барак Обама кој ја оквалифкува Русија како „регионална држава“.

– Таква оценка е голема грешка, нагласи претседателот на ЕК.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us