Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ЈОЛЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА КАНАДА

 

Во рамките на работната посета на Канада, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во Отава имаше средба со Џорџ Фури, спикер на Сенатот при парламентот на Канада.

На средбата, како што соопшти денеска Министерството за одбрана, било констатирано дека Македонија и Канада имаат одлична билатерална соработка, особено во делот на одбраната. Фури изразил безрезервна поддршка која Канада ѝ ја дава на Република Македонија за полноправно членство во НАТО. Јолевски, пак, се заблагодарил за можноста што ја користат припадниците на АРМ и МО за обуки и усовршување во Канада.

Јолевски во Канада учествувал и на Форум на тема „Мигрантската криза и нејзиниот импакт врз земјите од т.н. Западен Балкан, ЕУ и НАТО“, во организација на Амбасадата на Република Македонија во Канада, кој се одржа на престижниот Универзитет „Карлтон“ во Отава.

На Форумот учествувале и македонскиот амбасадор во Канада, Тони Димовски, Џули Линдхоут, претседател на НАТО-асоцијацијата на Канада, и Алисон Ле Клер, генерален директор за Источна Европа и Евроазија при Министерството за надворешни работи на Канада.

На форумот министерот Јолевски истакнал дека мигрантската криза е сериозен предизвик за Европа и дека е потребно да се најдат сеопфатен пристап и акции за изнаоѓање решенија за нејзино надминување на краток, среден и долг рок. Притоа навел дека Македонија, благодарение на одличната соработка со земјите од регионот, го регулираше протокот на мигрантите и го оневозможуваше илегалното преминување на нашата граница. 

Тој повикал на глобален координиран ангажман во насока на справување со хуманитарните, безбедносните и пошироките геополитички аспекти на бегалската криза. Канадските учесници на форумот ја истакнале позитивната улога на Македонија во однос на бегалската криза и ја истакнале потребата од доделување поголема финансиска и техничка асистенција на Република Македонија и другите земји во регионот кои непосредно се соочуваат со бегалската криза.

Јолевски ќе учествува и на најголемиот безбедносен форум на северноамериканскиот континент, кој се одржува во канадскиот град Халифакс.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us