Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ШТАЈНМАЕР: ИЗБОРИТЕ СЕ ВАЖЕН ЧЕКОР ЗА РЕШАВАЊЕ НА КРИЗАТА

Изборите во Македонија се важен чекор во решавање на постојната политичка криза во земјата, порача германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер. „Изборите во поранешната Југословенска Република Македонија се важен чекор во решавање на постојната политичка криза во земјата. ОБСЕ која го следеше процесот со голем број изборни набљудувачи и голема техничка поддршка информира за мирен изборен процес“, се вели во изјавата на Штајнмаер дадена во Брисел, содржана во соопштението испратено од германското Министерство за надворешни работи.

Сега е важно владата да се формира брзо и таа да го искористи својот мандат да спроведе итни реформи. Во областите на владеење на правото, јавната администрација како и во слободата на медиумите и изразувањето на земјата и се потребни итни убедителни резултати. Специјалното јавно обвинителство мора да биде во можност да продолжи со својата работа без пречки со цел да открие и да казни злоупотреба на моќ и власт, се вели во соопштението на германското МНР.

Според официјален Берлин, ова е предуслов за граѓаните да ја вратат довербата во државните институции и единствен начин земјата повторно да се врати на патот на евроатлантските интеграции.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us