Штајнмаер: Затворањето на границите не го решава проблемот со бегалците

STANMAJER

Затворањето на границите нема да ја реши бегалската криза, изјави денеска шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.

– Решението не е во затворање на границите, изјави тој на прес конференција во Берлин.

Изјавата беше реакција на негов колега од владата, задолжен за сообраќај кој повика на затворање на границите.

Штајнмаер смета дека од клучна важност во прв план е да се стави судирот во Сирија како и да се соработува со државите од соседството на Сирија за да се задржи под контрола приливот на бегалци.

Според него, важно е да се воспостават и т.н. хот-спотови во Грција и во Италија.

Германскиот министер за сообраќај Александер Добрин ја повика канцеларката Ангела Меркел да се подготви за затворање на германските граници за да се запре бранот азиланти. Тој истакна дека Берлин мора сам да дејствува ако не се постигне широк договор во ЕУ за бегалците.

– На сите би им советувал да се подготвиме за планот Б, изјави Добринт за Минхен Меркур.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha