Шилегов: Непојавувањето на Коце на дебати е ароганција и непочитување на граѓаните

шилегов

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, непојавувањето на неговиот противкандидат Коце Трајановски на вечерашната дебата на телевизија 24 го нарече политичка некултура и ароганција.

-Непојавувањето на Коце на вакви дебати, праската која ВМРО-ДПМНЕ ја воведе не е ништо друго туку потценување на нас останатите кандидати, на граѓаните и на медиумите.

Тоа е непочитување и ароганција. Наша задача е да дојдеме и да дебатираме за проблемите, за граѓаните да можат да одлучат за кого да го дадат својот глас. Ова е политичка некултура и потценување на јавноста, рече Шилегов.

You may also like...

Sorry - Comments are closed