Шилегов и Богоев на велосипеди ја почнаа изборната кампања

SILEGOV

Шилегов и Богоев на велосипеди ја почнаа изборната кампања
Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Карпош од СДСМ, Петре Шилегов и Стефан Богоев, денеска на велосипеди од кејот на Вардар симболично ја започнаа изборната кампања.

Богоев рече дека во текот на кампањата планира да го посети секое семејство, секој граѓанин за да ги слушне нивните потреби.

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Шилегов, рече дека тој и неговиот тим ќе понудат поинаков пристап.

„Ќе понудам една сосема поинаква визија за тоа какво треба да е Скопје, сосема поинаков пристап. Ќе градиме инфраструктура заедно со вас и ќе го направиме сообраќајот во Скопје безбеден, ќе го направиме градот транспарентен, ќе ги враќаме парите на граѓаните. Оттука почитувани граѓани ја бараме вашата доверба за да покажеме дека во Скопје може, треба и мора да се управува на поинаков начин“, рече Шилегов.

Тој рече дека Скопје заслужува да биде модерен, европски град.

Шилегов рече дека проблемот со загадувањето во Скопје е алармантен и никој систематски не работи за негово решавање. Тој најави дека ќе преземе низа интервентни мерки доколку биде избран, од стопирање на градежните активности до бесплатен јавен превоз, со цел намалување на загадувањето.

You may also like...

Sorry - Comments are closed