Шилегов: Време е да им дадеме црвен картон на ВМРО-ДПМНЕ

ШИЛЕГОВ

ВМРО-ДПМНЕ од Скопје направи свој вилает, направија што сакаа, поставуваа споменици среде ноќ како најголеми криминалци и сечеа дрвја на полноќ штитени од полиција, менуваа урбанистички планови во три наутро. Време е да им дадеме црвен картон, рече Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и колаицијата на денешниот централен митинг во Скопје.

Тој повика да му се зададе последниот удар на режимот и бандата на Груевски.

Шилегов рече дека нема да садат палми и вети дека ќе го надоместат изгубеното зеленило. Водно, кое, како што рече повеќе нема да биде соголувано, туку повторно ќе стане рекреативен центар, со посебен сообраќаен режим, соголените делови ќе се пошумат, планината повторно ќе стане зелена оаза.

– За 4 години, Скопје ќе стане зелен град, а не град на стиропор и необарок, рече Шилегов и најави гасификација на градот, рече Шилегов.

Тој рече дека Скопје ќе стане отворен и услужен град, со комбиниран јавен градски превоз и растоварување на сообраќајниот метеж.

– Сите ќе бидеме едно. Ќе има соживот, пријателство и разбирање, рече Шилегов и на крајот му го честиташе роденденот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed