Шесто продолжение на конститутивната седница на собранието

SOBRANIE

Собранието на Mакедонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пријавени за првата точка – избор на претседател и членови на комисијата се 51 пратеник за дискусија. Претходните расправи заглавуваа на процедурални забелешки и меѓусебни надмудрувања кој и што направил за државата и граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат отфрлање на тиранската платформа или распишување нови парламентарни избори заедно со локалните. Од СДСМ, пак, со став дека треба да се изберат членовите на комисијата, потоа да се избере претседател на собранието и да се гласа по програма на владата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска се појави на шестото продолжение на конститутивната седница во Собранието.

Претходно, претседавачот Трајко Вељаноски, читајќи ги најавените отсуства од пратениците, го спомна и Груевски, кој само еден час подоцна седна во собраниското столче.

Иако закажана за во 11 часот, седницата почна со задоцнување од повеќе од еден час, поради консултации на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed