Шекеринска: Имаме блокирана држава

СЕКЕРИНСКА

Пратеничката и заменик претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска, повторно го предупреди претседавачот Трајко Вељаноски дека го крши Деловникот со тоа што не прифаќа преоѓање на следната точка.

– Членот 78. став 2. има опција да се менуваат точките од дневниот ред. Членот треба убаво да се прочита. Не пишува на почеток на седницата, туку стои во текот на седницата. Имаме блокирана држава, рече Шекеринска. Таа кажа дека Вељаноски, кој го пишувал Деловникот, со став 2. од Член 78. им отворил „мала врата“, а сега тие се лутат зошто некој друг го приметил тоа.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев реагираше дека партијата која статутарно е блиска до партија која 12 години владеела со една телевизија и еден весник, во чие владеење Собранието имало една партија, кога градоначалниците биле од истата таа партија, викаат дека сега со многу телевизии, весници, портали и дебата во Собранието, владее режим.

Според него, тоа што СДСМ го предлага, преминување на точката за избор на претседател на Собранието никогаш не се случило во Законодавниот дом.

You may also like...

Sorry - Comments are closed