ШВЕДСКА ПЛАНИРА ДА ДЕПОРТИРА 80 000 БЕГАЛЦИ КОИ НЕ ДОБИЛЕ АЗИЛ

AZILANTI

Шведска се подготвува да депортира 80 000 бегалци кои пристигнале минатата година и чии барања за азил се одбиени, соопшти министерот за внатрешни работи Андерс Игеман.

„Ние зборуваме за 60 000 луѓе, но бројката може да се качи и до 80 000“, изјави Игеман, додавајќи дека владата побарала од полицијата и надлежните за мигрантите да ја организираат нивната депортација.

Тој рече дека 45 отсто од барателите на азил биле одбиени, така што, според него, државата треба да биде спремна да врати десетици илјади бегалци од вкупно 163 000 кои побарале засолниште во Шведска минатата година.

Игеман најави дека депортацијата ќе биде направена со специјални чартер летови, а бидејќи се работи за голема бројка луѓе, се очекува да трае неколку години.

Германија и Шведска се државите со најголем број на баратели за азил. Министерот ја најави мерката, кога се очекува да пристигнат уште десетици илјади мигранти преку Грција, најчесто бегалци од конфликтот во Сирија, Ирак и Авганистан.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha