Чавушоглу: Секое оружје во рацете на ЈПГ и ПКК е закана за Турција

CAUSOGLU

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, остро ја критикуваше синоќешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му даде одобрување на Пентагон за опремување и вооружување на курдските елементи на Сириските демократски сили (SDG), јавува Anadolu Agency (AA).

„И ЈПГ и ПКК се терористички организации. Нема тука никаква разлика. Само различно се нарекуваат и секое оружје што доаѓа во нивните раце е закана за Турција. И претходно ви покажавме дека од терористите на ПКК во Турција запленувавме оружје што е давано на сирискиот ЈПГ“, изјави Чавушоглу по денешната средба со црногорскиот колега Срџан Дармановиќ во Подгорица.

Осврнувајќи се на односите меѓу САД и Турција, Чавушогли изјави дека администрацијата на Трамп од почетокот изнела став дека ја разбира чувствителноста на некои прашања за Турција и дека нема да прават потези кои би ѝ наштетиле на Турција.

„На САД многу добро им е познат турскиот став за ЈПГ. Тоа е иста терористичка организација како и ПКК. Во Сириските демократски сили (SDS) се наоѓа и ЈПГ, како и некои арапски сили. Американскиот колега Тилерсон последниот пат ми кажа дека умерените арапски сили сочинуваат 60 отсто од СДС. Ние им дадовме одредени совети, а особено во врска со неопходното раздвојување на арапските сили од терористите на ЈПГ во СДС за време на операцијата за ослободување на Рака. Важно е арапските сили да влезат во Рака“, изјави Чавушоглу.

You may also like...

Sorry - Comments are closed