Хан и Mогерини му го честитаа мандатот на Заев

ХАН

Официјална честитка за доделениот мандат на претседателот на СДСМ Зоран Заев од страна на претседателот Ѓорге Иванов испратија високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му даде мандат за формирање Влада на г-дин Заев како важен чекор во процесот на формирање на Влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, така што конечно може земјата да излезе од политичката криза. Сега се очекува брзо формирање на Влада посветена на спроведувањето на сите делови од договорот и приоритети од Пржинскиот договор.

Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги надминат разликите и да работат заедно за заедничка агенда за реформи, за да донесат успех на земјата на патот кон евро-атланските интеграции. Ние сме подготвени да ја поддржимe новата Влада во нејзините реформски напори“, стои во соопштението од Могерини и Хан.

You may also like...

Sorry - Comments are closed