Хан и тројца европратеници утре во Скопје

JOHANES HAN

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, утре треба да пристигнат во земјава за да направат уште еден обид за договор за излез од политичката криза.

Ова минатата недела го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според неа, еврокомесарот и европратениците ќе ја повторат цврстата позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.

Пред утрешната посета на земјава, Хан за виенски „Курир“ оценува дека ситуацијата во земјите од Западен Балкан и натаму е кревка и трајно решение е можно само во меѓународните рамки, односно внатре во ЕУ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha