Хан и тројката европратеници во вторник во Македонија

HAN

Еврокомесарот Јоханес Хан и тројката европратеници во вторник доаѓаат во Македонија. Предвидени се средби со претседателот Иванов и со партиите кои се застапени во Законодавниот дом.

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Едуард Куакан и Кнут Флекенштајн во вторник следната недела доаѓаат во Скопје, со цел да направат уште еден обид за излез од политичката криза во која се наоѓа земјава- потврди портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

„Посетата е веќе ставена на агендата, можам да потврдам дека еврокомесарот Хан ќе пристигне во Скопје, во вторник идната недела, на 21-ви март. Тој доаѓа со тројца европратеници кои ви се добро познати- Флекенштајн, Кукан и Вајгл. Тие ќе се сретнат со претставниците на сите парламентарни партии и со претседателот Иванов. Уште еднаш ќе биде повторена цврстата европска линија за признавање на резултатот од изборите, за да се дозволи демократските процеси да продолжат и брзо да се формира Влада за спроведување на договорот од Пржино“, изјави портпаролката Маја Коцијанчич.

Коцијанчич ја пренесе пораката на Хан од состанокот на лидерите на Самитот на на шест заподно балкански држави во Сараево- дека од посебна важност е регионалната соработка, разговорувањето на тензиите, вклучително и меѓуетничките, преку изјави и дејства можат да ги нарушат добрососедските односи.

Останува непознато дали со новата посета на европските пратеници може да се очекува и нов договор. Официјален Брисел засега инсистира на исполнување на обврските од претходните пржински договори.

You may also like...

Sorry - Comments are closed