Хан: Иванов да го даде мандатот на кандидатот на партиите кои имаат мнозинство во Собранието

johanes han

Eврокомесарот за проширување Jоханес Хан очекува претседателот Иванов, во согласност со уставот, да му го даде мандатот на кандидатот на партиите, кои имаат мнозинство во Собранието.

Во пишана изјава, Хан вели дека промените во демократските општества се природни, и треба да се поздрават кога се резултат на кредибилни избори.

Прифаќањето и почитувањето на изборниот резултат, и правото на лидерите да се обидат да формираат влада, е знак на зрела демократија.

Опструкцијата и поткопувањето на ваквите напори немаат место во демократскиот процес.

Затоа, очекуваме сите партии да ги почитуваат демократските принципи и стандарди и да пристапат конструктивно, со цел да работат заеднички, а не да бараат можности да се поткопуваат меѓусебно.

Ваквите пристапи од минатото ја туркаат земјата во криза. Ова мора да го избегнуваат и власта и опозицијата.

И власта и опозицијата имаат улога во функционирањето на демократијата. Ги повикуваме сите релевантни актери, вклучувајќи го и претседателот и собранието, да се однесуваат целосно во склад со уставот и да бидат одговорни за да обезбедат брзо формирање влада која ќе ги исполни задоцнетите реформи, пишува Хан по најновиот развој на политичките случувања во Македонија.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us