Фондацијата на Турците од Румелија и Турските здруженија od Skopje ENsAR i Kopru во Скопје организираа ифтар

IFTAR

Турските културни и хуманитарни здруженија од Скопје „Ќопру“ и „Енсар“, со поддршка на Фондацијата на Турците на Румелија, во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија, po povod Svetiot nesec Ramazan организираа традиционален ифтар за муслиманските верници.

Организаторите честитајќи им го светиот месец Рамазан на учесниците, нагласија дека овие ифтарски софри се организираат со цел да се соединат сите муслимани во Македонија, со желба ваквите заеднички активности да влијаат позитивно во секодневниот живот на граѓаните во земјата и пошироко.

Кемал Балтепе претседател на Фондацијата на Турците на Румелија – Рутев, во својот говор на присутните им се заблагодари на присуството и го искажа своето задоволство што има можност да биде дел од заедничкиот ифтар.

„Ви посакувам од Allah да бидат прифатени нашите молитви во овој свет месец Рамазан. Ние како организација ги поддржуаме здруженијата на Балканот со различни активности”, рече Балтепе.

İsto taka pozdravni govori odrzaa pretsedatelot na zdruzenieto Ensar Suleyman Baki, i pretsedatelot na Matusiteb Husrev Emin na koj istaknaa blagodarnost na fondacijata RUTEV za podrshkata za organiziranjeto na iftarot.

Ифтарската програма заврши со читање на Куран i Kerim

На ифтарот организиран во Куршумли Ан учествуваа координаторот на Турската агенција за соработка и коордонација (ТИКА) во Скопје, Ајтекин Ајден, заменик дитекорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје Фуат Коркмаз, рекоторот на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје Исмаил Коџајусуфолгу, претседателот на партијата Национално движење на Турците во Македонија Ердоган Сарач, членот на МANU Луан Старова, како и многубројни гости и претставници на турските здруженија во Македонија

You may also like...

Sorry - Comments are closed