Фетаи: Господ нема да помогне ако судот не ги исполни законските одредби

FETAI

Обвинителката Фатиме Фетаи по одложувањето на судското рочиште за „шлаканиците во Центар“ нагласи дека Господ нема да помогне ако судот не ги исполнува законските одредби. Таа побара приведување на двајцата обвинети во случајот кои отсуствуваа а не го оправдале своето отсуство.

„Судењето се одложи поради неисполнување на законските одредби. Како што рече судијката, ако даде господ, следното ќе се одржи. Господ сигурно нема да помогне ако судот не ги исполни законските одредби. Конкретно ние побаравме стражарно приведување на еден обвинет, а дали судот ќе прифати, ќе видиме“, изјави Фетаи по излегувањето од Судот.

Фатиме потенцираше дека доколку рочиштата продолжат со ова темпо, на секое рочиште да отсуствува некој од обвинетите или некој од адвокатите, најверојатно, пред 2020 година нема да биде започнато судењето.

You may also like...

Sorry - Comments are closed