Утре собраниска седница за избор на новата влада

SOBRANIE

Ако се исполнат законските рокови, новата Влада на Република Македонија ќе биде избрана до среда на полноќ, а веќе в четврток треба да биде и првиот работен ден на централната извршна власт.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа седницата за избор на новата Влада за утре, во 11 часот. Пред полноќ, во македонскиот Законодавен дом беше доставена предлог- листата со министри од парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците, кое брои 62 од 120 пратеници.

Ако се исполнат законските рокови, новата Влада на Република Македонија ќе биде избрана до среда на полноќ, а веќе в четврток треба да биде и првиот работен ден на централната извршна власт.

„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на владата, веднаш ги достави до пратениците“, пишува во кусото соопштение од Кабинетот на претседателот на Собранието.

You may also like...

Sorry - Comments are closed