Уставниот суд не поведе постапка за мандатот на градоначалниците

GRADONACALNIK

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка по иницијативите на светкиот македонски конгрес и министерството за локална самоуправа.

Нивната иницијатива беше во насока на бришење на членовите од ЗАконот за локална самоуправа и од Изборниот законик кои го ограничуваат мандатот на градоначалниците и на советниците на 4 години.

Уставните судии не можат да креираат нова правна ситуација , туку можат само да ги ценат постојните одредби во законот, рече судијата известител Елена Гошева.

„Ние можеме да оценуваме дали одредбата е во согласност со уставот, се ценат содржините на одредбите , а не и тоа што го нема“.

Уставниот суд сепак како неспорен го посочува фактот дека постои правна празнина, бидејќи не се предвидени механизми што да се прави кога локалните избори не можат да се одржат во законските рокови.

Во ваква ситуација само законодавецот има уставно овластување ова прашање да го уреди со закон.

Во межувреме, итно решавање на ситуацијата во услови кога мандатот на градоначалниците истекува на 15 мај, вчера побара ЗЕЛС.

Тие како опција предложија собранието да предложи измени на законот за локалната самоуправа и на избопрниот законик.

You may also like...

Sorry - Comments are closed