Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Унгарија ја призна Македонија под уставно име!

Oд денеска и Унагарија на листата на земји кои официјално ја признаа нашата држава под уставното име. Унгарија им се приклучи на останатите земји кои сметаат дека спорот со Грција е билатерален спор, кој не треба да влјае на односите со другите држави или институции.

Унгарија и официјално ја призна Македонија под нејзиното уставно име. Министерот за надворешни работи, денеска, како што соопштуваат оттаму, упати писмо до министерот за надворешни работи на Унгарија, Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.

Во писмото, меѓу другото, министерот Попоски нагласува дека Република Македонија високо ја цени отворената и гласна поддршка што ја дава Унгарија кон нашата земја од осамостојувањето.

Особено се поздравува поздравува поддршката во рамките на Европската унија, каде Унгарија е гласен поборник и поддржувач за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија во Република Унгарија.

И најновата одлука, како што велат од МНР, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us