Уапсени шестмина осомничени исламисти во Санкт Петерсбург

RUSIJA

Руските власти соопштија дека уапсиле шестмина луѓе од Централна Азија во Санкт Петерсбург, осомничени дека врбувале луѓе за исламистички милитанти организации.

Федералниот истражен комитет соопшти дека досега нема докази дека уапсените биле поврзано со Киргистанецот, Акбарџон Џалилов, осомничен за самоубиствениот бомбашки напад во метрото во Санкт Петерсбург на 3 април, во кој загинаа 14 луѓе.

Уапсените биле на привремена работа во Русија.

Комитетот соопштува дека тие се осомничени дека врбувале други мигранти од Централна Азија „за вршење кривични дела поврзани со тероризам“ и да им се придружат на екстремистички организации забранети во Русија, вклучувајќи ги и Исламската држава и Фронтот Ал Нусра.

You may also like...

Sorry - Comments are closed