Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Туск: Санкциите против Русија веројатно ќе бидат продолжени за уште шест месеци

Санкциите на Европската унија против Русија веројатно ќе бидат продолжени за уште шест месеци, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– Се укажува на тоа дека санкциите против Русија ќе бидат продолжени барем уште еднаш, рече Туск синоќа во интервју за полскиот канал ТВН24, одговарајќи на прашањето дали во ЕУ постои единствен став во однос на Русија, јави ТАСС.

Тој истакна дека санкциите веројатно ќе бидат продолжени за шест месеци и додаде дека повеќето земји имаат цврст антируски став, но не и сите членки на Унијата.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us