Туск во Скопје на средба со Иванов

ТУСК

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска доаѓа во неколкучасовна посета на Македонија за време на која ќе има куса средба во четири очи со претседателот Ѓорге Иванов.

На агендата на претседателот на Европскиот совет се само разговорите со Иванов. Не е планирана средба со лидерите на политичките партии. Како што информираат од кабинетот на македонскиот претседател, Иванов и Туск ќе имаат 30-минутна средба, а потоа уште половина час за актуелните теми ќе се дискутира меѓу двете делегации.

Засега нема најави каква порака ќе донесе Туск од Брисел и дали ќе го засили притисокот врз Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, за да се стави крај на политичката криза во која се наоѓа Македонија или, пак, фокусот на средбата ќе биде исклучиво мигрантското прашање. Партиите се воздржаа од коментари околу посетата на претседателот на Европскиот совет и нивите очекувања.

Според најавите, покрај политичката криза, ќе се разговара за мигрантската криза и улогата на Македонија во справувањето со неа.

You may also like...

Sorry - Comments are closed