Тринаесет 30- дневни и шест домашни притвори за собраниските настани

30 DENA PRITVOR

Притвор за повеќе од половината приведени во Кривичниот суд, реши судијата во претходна постапка. За 13- мина, 30- дневен притвор, за шестмина- куќен. На овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет во наредното деноноќие…

На 13- мина од приведените за собраниските настани од 27-ми април, судија на претходна постапка им одреди по 30 дена притвор. Шестмина се во куќен. Од скопскиот Кривичен суд информираа дека за распит биле спроведени 24 лица. За обезбедување за понатамошна постапка, Јавен обвинител барал притвор за приведените.

Како што соопштија од судот, во притвор се поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност, двајца полициски службеници, уметници. Против овие неправосилни решенија, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот.

За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот извршуваат функција пратеник во Собрание на Република Македонија, судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на Обвинителството, откако ќе биде одлучено по барањето на судот испратено до претседателот на Собранието.

За другите лица кои се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, судот сѐ уште не добил известување за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување, соопштија од скопскиот Кривичен суд.

Полицијата приведе 24 лица по барање на обвинителство за насилниот упад во собранието на 27-ми април. Уште 12 биле недостапни. Обвинителството издаде наредба за приведување на 36 лица за кривичното дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

You may also like...

Sorry - Comments are closed