Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ТРАЈАНОВ: НАТО И ЕУ НАШ СТРАТЕШКИ ДРЖАВЕН ИНТЕРЕС

Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, вечерва во Кавадарци ги претстави приоритетите од изборната програма и носителите на кандидатските листи за пратеници.

– Ние сме цврсто определени дека наш стратешки национален државен интерес е Република Македонија да биде дел од НАТО И Европската унија и сигурни сме дека во наредниот четиригодишен мандатен период Македонија ќе биде нивна полно правна членка, но без да го менуваме нашето уставно име, рече претседателот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов.

trajanov-sopishte

Тој истакна дека се залагаат домашните и странските компании да бидат изедначени и да се создадат услови минимланата плата да изнесува најмалку 300 евра. – Предвидуваме работното време да почне од 7 часот, да се укине радиодифузната такса, да се намалат казните за две третини, бидејќи високите казни го блокираат економскиот развој на Македонија, судската такса да изнесува само 100 денара, рече Трајанов.

Според него, Коалицијата за промени и правда, која ја сочинуваат ДС, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-РП, има најдобар стратешки проект за борба против корупцијата. – Предвидуваме да се донесе закон за борба против организиран криминал и корупција, да се формира агенција за откривање која ќе работи на детектирање на скриениот имот на носителите на високите државни функции. Предлагаме да се формира посебен фонд и преку кој овие пари ќе се враќаат директно на граѓаните, посочи Трајанов, оценувајќи дека нивната колаиција има силна поддршка од граѓаните.

За просветните работници меѓу другото, како што рече, предвидено е двојно да се зголемат платите и укинување на екстерното тестирање.

Носителот на листата за пратеници на коалицијата во Изборната единица 4 Слободан Богоевски истакна дека „сакаат држава на слободни и рамноправни граѓани, еднакви во правдата и во правото“.Сакаме, потенцира, просперитетна Македонија и да отвориме перспективи за младите.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us