Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Трајанов: Дајте ни шанса за една година да расчистиме со политичката мафија

Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, го одржа завршниот митинг, каде пред неколку илјади граѓани, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица во Скопје, се обрати на присутните.

– Вечерва од Скопје објавувам дека дојде крајот на режимот, народот му ја покажа вратата и громогласно извикува, марш да ве нема ,доста грабавте, доста сеевте страв, не ви се плашиме”. Ве повикувам сите заедно да го срушиме овој авторитарен режим, подржете не, дајте ни шанса  за една година да расчистиме со политичката мафија. Само со 15-20 пратеници ќе го демонтираме овој еднопартиски и криминален режим, кој младите ги присилува да си ја напуштат земјата. Тие што бараат 63 пратеници, или повикуваат да не се гласа за други коалиции, тие се или ќе бидат диктатори и повторно ќе не газат. Оваа е Коалиција за промени и правда, која ќе обезбеди плурализам, владеење на правото и власт на граѓаните. Законите ќе важат подеднакво за сите.

Почитувани граѓани ние имаме визија за Македонија. Македонија ќе биде модерна европска држава. Сакаме мирот и спокојството да го вратиме во секое семејство.
Сакаме и тоа ќе го направиме, секој да се чувствува горд на својата земја, насмевката да се врати кај секој. Сега е време за клучни одлуки. Во прашање е да се биде или не. Загрозена е иднината на Македонија. Промените мораме заедно да ги направиме.
Ве повикувам сите, посебно неопределените, приклучете ни се, гласајте за кандидатите за пратеници на Коалицијата за промени и правда. Имаме искусен тим, врвни професионалци, луѓе со високи морални квалитети. Дајте ни шанса програмата да ја реализираме – порача Трајанов.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us