Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Трајанов: Гасификација на Македонија за заштита од загадувањето

Коалицијата за промени и правда има програма со која се предвидува гасификација на Македонија, како битен предуслов за заштита на шумите и намали загадувањето, изјави Павле Трајанов, носител на кандидатската листа за пратеници во Првата изборна единица.

trajanov

Тој на прес-конференција рече дека ќе бара одговорност од поранешниот премиер Никола Груевски за градењето на Сончев град на Водно со што, како што рече, е направена деградација на Водно.

– Уништен е шумски фонд и се случуваат огромни разорувања и ерозија каде што поминува патот, при што потпорните ѕидови попуштиле и не е направена огромна штета, истакна Трајанов.

Лидерот на Демокарсткиот сојуз рече и дека ако ја освојат власта ќе го имплементираат проектот ДЕКРИ со кој ќе обезбедат, како што рече, „систем за над шест милијарди евра, украдени од функционери, да бидат вратени на граѓаните“.

– Тие милијарди низ судска постапка ќе бидат конфискувани и вратени директно на граѓаните. Не во Буџетот на државата, туку по 3.000 евра на секој граѓанин, рече Трајанов.

Весна Стоименовска, која е носител на листата во Третата изборна единица, зборуваше за економската програма при што нагласи дека ќе обезбедат 2 процента од Буџетот за проекти за вработување на младите .

– Предвидуваме отворање на над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат од три до пет млади и стручни кадри или над 100.000 нови работни места, рече Стоименовска.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us