Трајановски: Ќе изградиме нов кружен тек во Ѓорче Петров

КОЦЕ

Нов кружен тек на крстосницата помеѓу улиците „Македонска Војска“ и „Ѓорче Петров“ денеска пред ѓорчепетровци ветија кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за Град Скопје и Општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Владо Мисајловски.

– Станува збор за крстосница помеѓу една од двете најфреквентни улици во Ѓорче Петров и сметам дека со изградбата на кружен тек на оваа локација значително ќе се подобри текот на сообраќајот, ќе се намали метежот, а воедно ќе се зголеми и безбедноста за сите учесници во сообраќајот, истакна Трајановски.

Во нивната програма, рече тој, предвидени се и изградба на нов објект за средното училиште „Кочо Рацин“, продолжување на реконструкциите на улиците „Ѓорче Петров“ и „Борис Сарафов“, проширување на дел од улицата „Македонска Војска“, реконструкција на дел од улиците „Лука Геров“ и „Волковска“, изградба на пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Вардар на потегот од населеното место Хром до Нерези, изведба на систем за снабдување со вода за висока зона во Ѓорче Петров и многу други проекти.

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Мисајловски изјави дека во неговата програма се предвидени голем број на проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните на Ѓорче Петров.

You may also like...

Sorry - Comments are closed