Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ТРАМП: САД ќе прекинат со соборување влади ширум светот

Новоизбраниот американски претседател нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја која е заинтересирана да ја уништи ИСИЛ. 

САД ќе прекинат со обидите да соборуваат влади ширум светот и ќе соработуваат со другите земји кои се борат против тероризмот, порача новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за време на својата „Турнеја на благодарноста“ и вети почеток на нова ера на мирот.

– Ќе ја уништиме „Исламска држава“. Истовремено, ќе се водиме според новата надворешна политика, која конечно учи на грешките од минатото. Ќе прекинеме со соборување режими и влади – истакна Трамп во своето обраќање во Синсинати.

Тој нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја која е заинтересирана да ја уништи ИСИЛ.

Трамп вети дека ќе ги излекува длабоките рани на Америка додавајќи дека земјата нема друг избор, туку треба да се обедини и да ја отфрли нетрпеливоста.

Претходно, за време на својата посета на Индијана, Трамп повтори дека ќе изгради ѕид вдолж американско-мексиканската граница, кој ќе има „врата“ низ која ќе можат да минуваат легални мигранти.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us