Трамп: Исламот го мрази Западот

TRUMP

Водечкиот (барем засега) кандидат за номинацијата на Републиканската партија на изборите за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека верува дека исламот го мрази Западот.

„Мислам дека исламот нѐ мрази“, изјави американскиот милијардер во интервју за телевизиската мрежа Си-ен-ен кое беше емитувано синоќа. Тој оцени дека станува збор за ужасна омраза. „Мора да видиме каде се корените на тоа. Станува збор за незамислива омраза кон нас“, кажа Трамп во интервјуто со новинарот Андерсон Купер.

На прашањето дали е во тек „војна меѓу Западот и радикалниот ислам“ или „војна на Западот и исламот воопшто“, тој одговори: „Тој радикален пристап е тежок за дефинирање. Тешко е тоа да се раздвои, затоа што не знаете кој е кој“.

Критичарите на Трамп тврдат дека неговата реторика и особено неговите повици на муслиманите привремено да им се забрани влез во САД можат дамо да го влошат проблемот и да ги отуѓат умерените муслимани.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha