Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Трамп: „Екстра данок“ за американските компании што го селат бизнисот во странство

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со казнување на американските компании што ќе го преселат својот бизнис некаде во странство.

Трамп најави „екстра данок“ од 35 отсто за производите што ќе се продаваат во САД, што се произведени од американски компании, во нивните капацитети и погони во разни земји низ светот.

-Ние ќе ги намалиме даноците и ќе ја олесниме регулацијата за бизнисот, но секој што својот бизнис ќе го пресели од САД во странство, градејќи таму фабрики или погони, за да ги продава тие производи на домашниот пазар, греши доколку мисли дека тоа нема да помине без никакви последици, напиша Трамп на Твитер.

Американските медиуми пренесуваат дека бил посочен примерот на корпорацијата „Рекснорд“, која најави дека дел од својот бизнис, еден погон од сојузната држава Индијана ќе го пресели во Мексико. Затворањето на погонот во Индијана би предизвикало затворање на 300 работни места во САД.

Новоизбраниот претседател вели дека вакви примери има многу низ САД, но дека тоа „ сега ќе биде запрено“.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us