Тензично во Собрание: Пратениците од опозицијата и понатаму се „фаќаат за гуша“ со Џафери

DIMOVSKI

Втор ден тече расправата во Собранието на РМ по предлог програмата на новата влада која што вчера ја изложи мандатарот Зоран Заев.

И денеска од ВМРО ДПМНЕ со критики дека оваа програма е гол популизам, дека бројот на министри е зголемен како и критики за коалицирањето на СДСМ со ДУИ .

Во програмата на новата влада од ВМРО ДПМНЕ рекоа дека има општи тези без конкретни рокови и дека ова е еден очаен обид владата да се претстави како реформска.

Во своето обраќање пратеникот Павле Богоевски рече дека најголем проблем е што кривично криминалната криза ВМРО ДПМНЕ ја третира само како политичка криза.

Сакаме, рече Богоевски да живееме во држава во која лошите се кримналци а не Албанци или соросоиди. Нјамногу ми пречи, рече Богоевски, тоа што вие го присвојувате македонскиот идентитет а кога станува збор за унитарноста, рече тој, таа не само што е загрозена туку е и уништена од вашата партија.

И денеска Илија Димовски реагираше на обраќањето на претседателот на собранието Талат Џафери кон пратениците од ВМРО ДПМНЕ на албански јазик и рече дека ВМРО ДПМНЕ нема да влезат во сценарио на провокации на што Џафери му возврати дека се додека му се обраќаат со колега пратеник, тој согласно деловникот ќе говори на албански јазик.

Денеска во 10 часот беше завршена конститутивната седница на која беше избран претседател, заменик претседател и членови и нивни заменици на комисијата за избори именувања и веднаш потоа заврши и третата седница на која беше донесена одлука за основање на постојани работни тела на Собранието, предлог кој што беше поднесен од пратеници.

Во 15 часот и 15 минути повторно продолжува седницата.

Вечерва на полноќ Македонија треба да избере нова влада.

You may also like...

Sorry - Comments are closed