Темелко го нема, ќе се бара со меѓународна потерница

ТЕМЕЛКО

Темелко го нема, ќе се бара со меѓународна потерница МАКЕДОНИЈА
Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, ќе се бара со меѓународна потерница, откако вчера судот му одреди притвор од 30 дена, потврдија од судот. Периодот од 30 дена притвор ќе почне да тече откако тој ќе биде пронајден и приведен.

Одлуката на Темелко да му се одреди притвор вчера ја донесе Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 откако СЈО поднесе барање.

СЈО барало Темелко да се стави во притвор бидејќи ја преминувал македонската граница со албанскиот пасош и не се јавувал во судот еднаш неделно. Тој е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, односно за кривични дела сторени против изборите и гласањето.

You may also like...

Sorry - Comments are closed