Тед Круз го победи Доналд Трамп

KRUZ

Републиканскиот сенатор Тед Круз го победи милијардерот Доналд Трамп на првичните внатрепартиски избори во Ајова. Од другата страна, демократите Хилари Клинтон и Берни Сандерс и по првото гласање се во мртва трка како кандидати на претседателските избори во ноември годинава.

Круз, конзервативен сенатор од Тексас, во натпреварот на републиканските претседателски кандидати доби 28 проценти од гласовите, додека бизнисменот Трамп 24 проценти. Марко Рубио е на третото место со 23 насто.

Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон и Берни Сандерс, самопрогласениот социјалист во Демократската партија, инаку сенатор од Вермонт, ги поделија гласовите.

Поранешниот гувернер на Мериленд, Мартин О’Мејли, се откажа од кампањата, откако освои помалку од еден процент од гласовите.

Победата на Круз и успехот на Рубио можат да го запрат замавот на Трамп, чија кандидатура го алармира раководството на Републиканската партија и е проследена со многу контроверзни изјави како онаа дека треба привремено да се забрани влезот на муслимани во Соединетите Држави.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha