Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Тачи: Ако победиме ќе ја смениме химната

Ова ќе бидат историски избори. Нема да отстапиме од програмата и ќе ја потврдиме победата. Ова го истакна лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи, на завршниот митинг во центарот на Тетово.
„Ние му припаѓаме на цивилизираниот народ од Европа. На сите оние кои не доведоа во ваква состојба на 11-ти декември ќе им дојде крај. Јас ви гарантирам дека нема да отстапиме од нашата програма. Ние ги бараме нашите права во оваа држава. Ако дојдеме на власт во рок од 6 месеци ќе влеземе во НАТО.“ – вети Тачи.
Тачи истакна дека доколку ДПА победи на изборите во недела ќе настојува за промени во химната на земјава.
„Ако добијам глас, ако ја добијам вашата поддршка и ДПА победи, се додека не се смени химната на земајава, нема да давам изјави. Досегашната политика на власта донесе само жртви и успеа економски да не ослабне. Ви ветувам дека Тетово до 2020 годин ќе биде европска метропола и ќе инвестираме 300 милиони евра во него. Тетово повторно ќе биде чист град без загаденост.“ – изјави Тачи.
Пред присутните на градскиот плоштад во Тетово, освен Меднух Тачи се обратија и кандидатите за пратеници од листата на ДПА.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us