СЈО проверува дали Антонио Милошоски имал авион

СЈО

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска на фејсбук објави документи кои ги бара СЈО, а се дел од предистражна постапка. Според документите објавени на ферјсбук страната на Милошоски, Катица Јанева проверува дали екс-министерот за надворешни работи поседувал авион. СЈО упатило две барања, едно до министерството за транспорт и врски или поточно, до Агенцијата за цивилно воздухопловство како и до Централниот регистар преку кои треба да се утврди и дали Милошоски бил сопственик или управител на фирма во период од 2008 до 2015 година.

Милошоски преку фејсбук статус обвини дека СЈО продолжува со притисок врз неистомислениците. Тој посочува дека пратник на СДСМ го предупредил дека многу зборува. Милошоски тврди дека нема авиони и фирми кои Јанева ги бара.

Дополнително скандалозно е што Милопшоски на својот фејсбук профил објави документи кои се дел од предистражна постапка и се упатени до две институции.

Барањата се поднесени на 31 март, а рокот за одговор е краток и е само 5 дена.

You may also like...

Sorry - Comments are closed