СЈО бара изземање на претседателот на Врховен зошто го има во бомбите

JANEVA

Специјалното јавно обвинителство поднесе барање за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, при одлучување за предметот „Труст“. Причината поради која СЈО бара негово изземање е бидејќи тој е опфатен во прислушуваните разговори и тоа во период тој кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд, поради што се сомнева дека е пристрасен.

„Во согласност со препораките на Европскиот суд за човекови права, непристрасноста на судот е една од основните гаранции на правото на правично судење, така што секое сомнение за пристраснот треба да биде отстрането“, соопштија од СЈО.

„Стравувањата околу непристрасноста на судијата Вангеловски се засноваат врз јавно објавениот разговор помеѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и судијата Вангеловски кој што и тогаш бил претседател на Врховен Суд, а е во врска со предметот „Глобал“. Овој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Вангеловски да постапува по ваков тип на предмети, поради постоењето на реална опасност од неговата претходна заинтересираност за решавање на предметот во определена насока“, велат од СЈО.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски пред три дена поднесе „Барање за заштита на законитоста“ до Врховниот суд на РМ со кое бара укинување на решенијата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и на Апелацискиот суд Скопје за одредување притвор на првоосомничениот во предметот „Труст“, Сеад Кочан.

Јанева вчера го повлече барањето на Зврлевски, со образложение дека за случаите кои произлегуваат од „бомбите“ единствено е надлежно СЈО.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha