Судот бара Сеад Кочан да биде спроведен во затвор

СУД

Кривичниот суд го објави решението кое го донесе Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, во кое се образложува зошто е одреден притвор за бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“.

Судот им наложува на службените лица во Министерството за внатрешни работи, по пронаоѓање и лишување од слобода, Кочан да биде спорведе на издржување на мерката питвор во Затвор Скопје, во Шутооризари и за ова веднаш да биде известен Основниот суд Скопје 1.

Во образложението се наведува дека една од причините за одредување на притвор е опасноста од бегство.

„Преку материјалните средства што тој ги поседува, осомничениот може непречено да реализира напуштање на границите на РМ и обезбедување на засолниште во странство, дотолку повеќе што неспорен е фактот дека тој многу често патува надвор од земјата. Советот цени дека видот, карактерот и тежината на кривичното дело кое му се става на товар, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 5 години, се околности кои исто така генерираат опасност од бегство“, стои во решението на Судот.

Според Советот, судијата на претходна постапка погрешно оценил дека околноста што осомничениот има семејство, цврсти роднински врски во земјата и дека нема роднини надвор од државата, укажуваат на мала веројатност од бегство.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha