Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Судијата Туфегџиќ од Судскиот совет бара да го поништи огласот за избор на претседател на Основниот суд Скопје 1

дијата Владимир Туфегџиќ, кандидат за претседател на Основниот суд Скопје 1, ќе ја повлече кандидатурата, ако Судскиот совет не го поништи огласот за избор на претседател на Кривичниот суд, потврди Туфегџиќ.

vladimir-tufegdzik-3277832
“Мене ми е повредена еднаквоста и рамноправноста. Не може во јули да се изберат  претседатели, а во септември судии на апелационите и на Врховниот суд со старите оценки од 2014 година, а сега Судскиот совет да воведува вонредно оценување при изборот на претседатели на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд на РМ“, вели Туфегџиќ.
Тој веќе поднел иницијатива до Судскиот совет за поништување на огласот.

Претседателот на Советот Зоран Караџовски ни потврди дека вчера стигнала иницијативата од Туфегџиќ и дека се уште нема став, бидејќи сега Судскиот совет допрва ќе ја разгледува.
Во иницијативата, вели Туфегџиќ, се наведува дека вонредно оценување на судии и претседатели на судови не било спроведено за избор на претседателите на: Основен суд Кратово, Основен суд Виница и Апелационен суд Гостивар во втората половина на 2016 година, како и при избор на судии во Апелационите судови Скопје, Гостивар, Битола и Штип, но и за избраните судии на Врховниот суд на петти септември.

Судскиот совет за првпат ќе врши вонредно оценување на кандидатите за претседатели на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд, бидејќи оценките на кандидатите биле стари. Но, само во септември оваа година Советот унапреди и избра 18 судии, без да му пречат старите оценки.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us