Страв од масовна ерупција на вулканот во Бали

VULKAN

Расте стравот од масивна вулканска ерупција на индонезискиот остров Бали, при што издадена е наредба за евакуација на околу 100.000 луѓе од околината на вулканот Агунг.

Според последните информации, исфрлањето пепел од Агунг во висина од 3.400 метри повремено е проследено со експлозивни ерупции и слабо заканувачко татнење.

Индонезиските власти предупредуваат дека симптомите покажуваат опасност од посилна ерупција.

Селата околу вулканот се речиси цели во пепел, а во меѓувреме зоната на опасност околу вулканот од 7.5 проширена е на 10 километри.

Околу 40.000 луѓе веќе се евакуирани но уште најмалку толку чекаат евакуација.

Меѓународниот аеродром на Бали веќе неколку дена е затворен.

Вулканот последен пат беше активен во 1963. година, кога загинаа преку 1.000 луѓе, а бројни села беа уништени.

You may also like...

Sorry - Comments are closed